Се помирија музичките ѕвезди – По две децении „потпишале“ примирје

Точка

08/04/2025

19:17

4.117

Големина на фонт

а а а

Мадона и Елтон Џон објавија дека се помириле по повеќе од две децении конфликт поради навредливите зборови кои британскиот пејач јавно ги изнел на сметка на американската пејачка.

„Конечно ги закопавме воените секири“, напишала Мадона на Инстаграм, под фотографијата на која двајцата се прегрнати.

Минатиот викенд пејачката отишла да се соочи со Џон во бекстејџот за време на неговиот настап на „Saturday Night Live“ на „NBC“, по што брзо се помириле.


„Кога го сретнав, првото нешто што тој ми го кажа беше „Прости ми“, а потоа се урна ѕидот што постоеше меѓу нас. Простувањето е моќно оружје и по неколку минути се прегрнавме“, раскажала Мадона.

Елтон дури и рекол дека ѝ напишал песна и дека сака да соработуваат. Пејачот исто така ја објавил истата заедничка фотографија со натпис: „Момент на исцелување“.


Пејачката откри дека кога била во средно училиште присутвувала на неговиот концерт во Детроит, што било незаборавно искуство кое го обликувало нејзиното разбирање за музиката.

„Со децении ме болеше тоа што некој на кој му се восхитував јавно изјави дека не ме цени како уметник“, додала Мадона.

Нивниот конфликт настанал за време на доделувањето на „Q“ наградите во 2004 година, кога Елтон со навредливи зборови ја искритикувал Мадона затоа што пеела на плејбек на доделувањето.