[ФОТО] Сидни Свини се прошета со својот вереник среде гласините за нивната разделба

Макфакс

08/04/2025

07:22

1.881

Големина на фонт

а а а

Откако се појавија гласини дека ја откажале венчавката и раскинале, Сидни Свини и нејзиниот вереник Џонатан Давино се фотографирани додека шетаат низ Лос Анџелес.

Тие биле снимени во ресторанот Беверли Глен Дели, каде наводно поминале еден час пред да продолжат со прошетката. И двајцата биле лежерно облечени и носеле очила за сонце, а со нив било и кучето од Сидни Тенк.


Овие фотографии доаѓаат откако Свини неодамна беше фотографирана без свршеничкиот прстен.


На крајот на март беше објавено дека Свини и Давино ја откажале својата венчавка поради прекумерна тензија во нивната врска.