Трамп случајно депортирал невин човек во озлогласен затвор: „Се извинуваме“

Макфакс

01/04/2025

19:28

1.180

Големина на фонт

а а а

Абрего Гарсија е далеку од член на банда, иако никогаш не добил американско државјанство. Единствената информација која упатувала на ова била стара неколку години и дошла од доушник.

Без оглед на тоа, Абрего Гарсија бил депортиран во озлогласниот затвор CECOT во Ел Салвадор, каде што се држат криминалци кои извршиле најтешки злосторства, а повеќето од затворениците доаѓаат од банди како МС-13.

Кога тој бил депортиран во Ел Салвадор, откриваат судските документи, администрацијата на Трамп се извинила и соопштила дека имало процедурална грешка.

Сепак, Абрего Гарсија не може да се врати во САД. Со неговото депортирање во Ел Салвадор, неговиот статус е префрлен во јурисдикција на оваа земја, која сега има право да го приведе или да го врати во Америка.

Поради овој „административен неуспех“, како што го опишаа членовите на тимот на Трамп, неговото семејство е во страв, а според Си-Ен-Ен, истото го чувствуваат и многу други имигранти во САД, дури и оние кои се под заштита во Америка.

Абрего Гарсија останал во САД, според судската одлука од 2019 година, бидејќи „би бил изложен на ризик од насилство од бандите доколку се врати во Ел Салвадор“. Тој дошол во САД на 16-годишна возраст. Иако тие се извинија и рекоа дека имало грешка, ова е втор пат администрацијата на Трамп отворено да ги игнорира судските одлуки за имиграцијата.

За прв пат тоа беше случај со депортацијата на повеќе од 200 граѓани на Венецуела, кои администрацијата на Трамп ги опиша како „членови на банда“, а која беше запрена од повисокиот суд во Вашингтон. Без оглед на одлуката на судијата Џејмс Боасберг, овие лица биле депортирани во Ел Салвадор.