Ден на шегата или Ден на лагата? Дали знаете како настанал Први април? Неверојатна приказна што ретко кој ја знае

Точка

01/04/2025

20:38

1.167

Големина на фонт

а а а

Колку пати некој ве излажал со толку добра вест, а потоа сте се насмеале кога сте сфатиле дека е лажна? Нека ви не недостига насмевка ни денес, затоа што е Први април!

Сите знаеме што не очекува денес – шеги, смеа и по некоја невина измама. Од лажни вести во медиумите до мали трикови меѓу пријателите, Први април стана синоним за забава. Но, дали некогаш сте се запрашале како настанал Денот на шегата? Зад оваа традиција се крие интересна приказна.

Како настанал Први април?

Една од најпознатите теории за потеклото на Први април не води во Франција во 16. век. До тогаш, Новата година се славела кон крајот на март и почетокот на април, во согласност со јулијанскиот календар.

Сепак, во 1582 година, папата Григориј XIII вовел нов календар – грегоријанскиот, со кој Новата година се преместила на 1 јануари.


Кој се приспособил, а кој не?

Проблемот бил што не сите веднаш ја прифатиле оваа промена. Некои од незнаење, а некои од тврдоглавост, продолжиле да ја слават Новата година според стариот датум.

Луѓето што се приспособиле на новиот календар почнале да се шегуваат со оние што не го сториле тоа.

Им испраќале лажни покани за прослави, им подарувале лажни подароци и им давале прекари, нарекувајќи ги „априлски будали“.

Со текот на времето, оваа традиција се проширила надвор од Франција и станала популарна низ цела Европа. Англија и Шкотска ја прифатиле во 18. век, а со колонизацијата се проширила и во Америка. Денес, Први април е меѓународен феномен, иако во различни култури се изведуваат различни видови шеги.


Шегата треба да носи смеа, а не непријатност

И додека некои уживаат во добронамерните шеги, важно е да запаметиме дека целта на овој ден е да донесе смеа, а не непријатност.

Затоа, ако планирате некоја шега, нека биде забавна и безбедна, а бидете подготвени и вие да бидете мета!

Среќен Први април!