Бостон урна рекорд стар повеќе од 50 години, Леброн ја запечати победата над Хјустон

Дерби

01/04/2025

13:30

800

Големина на фонт

а а а

Бостон игра шампионска кошарка и оваа сезона, а со победата која беше остварена рано утрово, оваа генерација играчи на Селтикси се запишаа во историјата на легендарната франшиза.

Тимот на Џо Мацула имаше и шесто гостување во низа во НБА лигата рано утрово, но откако успеа да запише исто толку победи, излезе податок дека ова е најдобрата серија надвор од „Ти-Ди Гарден“ во историјата.

Триумфот над Мемфис со резултат 103:117 беше шести во низа далеку од својот дом, па поставен беше и еден друг рекорд со 32 победи на гостувањата во текот на една сезона, учинок кој последно бил остварен од тим на Бостон во 1975-та година.

Лидер во најновата победа за актуелниот шампион беше Хорфорд со 26 поени, Тејтум уфрли еден помалку, додека на спротивната страна се истакна Морант исто така со 26 поени.

Од останатите средби рано утрово, за издвојување е дербито меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон, на кое во финишот свое шоу имаше Леброн Џејмс.

Покрај што беше одлучувачки со клучни поени, „кралот Џејмс“ покажа моќ и со извонредна блокада ја спречи и последната надеж на Хјустон за враќање во мечот (104:98).

Леброн го заврши мечот со 16 поени, 8 скокови и 4 асистенции, Дончиќ уфрли 20 поени, а исто толку постигна и Винсент.