Шкендија се огласи за скандалот во Тетово и цврсто застана во одбрана на „Балистите“

Дерби

01/04/2025

13:22

1.309

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Шкендија се наоѓа пред ригорозна казна од ФФМ поради испадот на домашните навивачи на вчерашниот натпревар против АП Брера, скандал кој едноставно ја згрози цела македонска јавност поради сензитивноста на ситуацијата.

Еден дел од навивачите на Шкендија не ја испочитуваа минутата молк во чест на трагично загинатите млади луѓе во дискотеката во Кочани, па откако ФФМ најави драконски казни за однесувањето кое е оценето како нечовечко, пристигна соопштение и од тетовскиот клуб.

Шкендија се огради од навивачите кои се покажаа во најлошо можно светло пред пошироката спортска јавност во нашата земја, но преку соопштението нагласи дека скандалозното непочитување и извици не пристигнале од навивачката група „Балисти“.

– КФ Шкендија со целосна одговорност ја следи и почитува секоја институционална одлука поврзана со чувствителните моменти за општеството. Како клуб, длабоко ја доживеавме трагедијата што се случи во Кочани, настан кој ја шокираше целата земја и емоционално влијаеше на нашиот секојдневен живот. Ова чувство беше присутно на секој тренинг овие изминати денови, а се одрази и на натпреварот против АП Брера, каде и покрај победата од 2:1 и одржувањето на првото место на табелата, тимот не ја доживеа вообичаената радост по натпреварот.

– Во овој контекст, Шкендија ја почитува минутата молчење што ја воведе Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Во тој момент, група поединци на трибините избраа да не го почитуваат молкот, однесување кое не го претставува ниту клубот, ниту навивачката база во целина. „Балистите“ кои вообичаено стојат на трибината зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3-4.000 гледачи, додека само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, што не ги претставува чувствата, солидарноста и почитта на мнозинството присутни навивачи.

– „Балистите“ се 12-ти играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но неодговорното однесување на одредена група поединци не го отсликува ставот на навивачката група која моментално е во процес на реорганизација, ниту на останатата јавност која во тој момент реагираше со свирежи за изразување на незадоволството. КФ Шкендија изразува жалење за ваквата состојба и го повторува својот непоколеблив став во почит кон изгубените животи и болката низ која поминува целото општество, – гласи објавата на тетовскиот клуб.

📰 KF Shkëndija shpreh keqardhje për këtë situatë dhe rithekson qëndrimin e saj të palëkundur në respekt të jetëve të humbura dhe dhimbjes që po kalon e gjithë shoqëria. ⬇️

Posted by KF Shkëndija on Monday, March 31, 2025