Еден од креаторите на моќниот Јувентус на прагот на Милан

Макфакс

01/04/2025

10:48

1.122

Големина на фонт

а а а

Сезоната на Милан се заканува да биде целосно фијаско и јасно е дека по завршувањето на сезоната ќе бидат направени сериозни промени, особено во спортскиот сектор. Според италијанските медиуми, Јувентус има намера да го ангажира актуелниот спортски директор на Тотенхем, Фабио Паратичи.

Паратичи стана надалеку познат како еден од креаторите на последниот моќен Јувентус. Оној кој освои девет последователни скудета меѓу 2012 и 2020 година и во тој период два пати играше во финалето на Лигата на шампионите.

Заедно со легендарниот Бепе Марота беше задолжен за трансферите, а имаше и одлучувачка улога во доведувањето на Кристијано Роналдо. Тој помина 11 години во „Старата дама“ од 2010 до 2021 година кога се пресели во Тотенхем.

Во Лондон како тренер го донесе Антонио Конте. Сепак, покрај тоа што досега Тотенхем не освои ниту еден трофеј, неговиот престој во Лондон го искомплицира суспензијата што ја доби во март 2023 година, поради што поднесе оставка од директорската функција.

Сепак, тој се уште е под договор со лондонскиот клуб, но се чини дека двете страни одамна се подготвени да се разделат.

Милан под товарот на лошите резултати и неуспешната трансфер политика се сврте кон искусен оперативец. Медиумите во Италија пренесуваат дека Паратичи е многу заинтересиран следната сезона да седне на местото спортски директор на седумкратниот европски шампион.

Во моментов, функцијата спортски директор во Милано ја извршува извршниот директор Џефри Монкада, кој е надгледуван од Златан Ибрахимовиќ како советник на челникот Џороџо Фурлани