Хрватска и Франција одиграа возбудлив натпревар во четвртфиналето на Лигата на нации. На првиот натпревар Хрватите победија со 2:0 на домашен терен, со головите на Анте Будимир и Иван Перишиќ. Но Франција имаше далеку поголем посед на топката (62:38 отсто), двојно повеќе удари кон голот (16:8), а Доминик Ливаковиќ спаси три големи шанси за гостите, од кои две на Килијан Мбапе.
Во реваншот на „Стад де Франс“ три дена подоцна, Французите исто така победија 2:0 со головите на Михаел Олисех и Усман Дембеле, а Франција повторно имаше значително поголем посед на топката, а предноста во ударите кон голот беше уште поизразена (28:5).
Ливаковиќ одигра уште подобар натпревар од оној во Сплит, спасувајќи шест големи шанси на Французите во регуларниот дел и продолженијата. Но, сепак Франција победи на пенали и се пласираше во фајналфор.
Француските медиуми говорот на Мбапе го нарекуваат неверојатен
Француската фудбалска федерација неодамна објави снимка од мотивацискиот говор кој капитенот Килијан Мбапе го одржал пред реваншот со Хрватска, а француските медиуми го нарекуваат неверојатен. На видеото се гледа како тренерот Дидие Дешамп им држи говор на играчите. Но во еден момент Мбапе кренал рака и побарал дозвола да им се обрати на соиграчите. Дешам му го дозволил тоа, по што капитенот станал.
„Ова е вистинската вечер за победа. Видовме што можеме да направиме против нив во второто полувреме од првиот натпревар. Видовме што можеме да им направиме во Сплит, а сега сме дома. Мораме да дадеме сè од себе. Ова е вистинската вечер да го направиме тоа“, рекол Мбапе и продолжил.
„Мораме да ги натераме да ползат, да поминат го***на ноќ“
„Знаеме која е првата цел на овој тим – да бидеме светски шампиони. Но, постои пат за да се стаса до таму. Нѝ треба посебен натпревар, кој ќе нѝ биде пример на тој пат. Дури иако тие поминат вечерва, треба да ги натераме да ползат. Мораме да ги натераме да имаат го***на ноќ. Имаме тим од млади, свежи играчи и ние постарите треба да ги водиме. Се доведовме себеси во малку поср*на ситуација, но мислам дека го имаме она што е потребно за да постигнеме три гола против нив“.
Инаку Мбапе (26) на 88 натпревари за Франција постигнал 48 гола и 35 асистенции.