Ле Пен осудена на четири години затвор и забрана за кандидирање на претседателските избори

Макфакс

31/03/2025

14:39

1.644

Големина на фонт

а а а

Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, е осудена на четири години затвор, од кои две ќе бидат условни и парична казна од 100.000 евра, објави Фигаро.

Пресудата ѝ забранува на Ле Пен да учествува на изборите, што автоматски значи забрана за нејзино кандидирање за француски претседател во 2027 година, дури и ако поднесе жалба.

Ле Пен, како и осум други европратеници на РН, беа прогласени за виновни за проневера на јавни средства.

Марин Ле Пен ја напушти судницата веднаш штом судијата прочита дека и е забрането да учествува на избори, без да чека целосно да биде донесена пресудата, пренесоа француските медиуми.