[ФОТО] Шолја за кафе од 5.750 долари - Бизарниот моден додаток на свршеницата на Безос

Точка

29/03/2025

15:19

4.831

Големина на фонт

а а а

Лорен Санчез, која моментално се подготвува за венчавката со милијардерот Џеф Безос, неодамна покажа посебен моден додаток – имено, таа носела Баленсијага чанта од 5.755 долари во форма на шолја за кафе.

Чантата наречена „9 AM Clutch“ е реплика на белата порцеланска шолја за кафе на модната куќа од 125 долари, дизајнирана да личи на хартиените и пластичните.

Кожената чанта е изработена од телешка кожа и на предната страна има врежано лого „Balenciaga Paris“. Се отвора и затвора исто како шолја, со отворање на капакот, кој во овој случај е прицврстен за долниот дел.

Санчез, била фотографирана како заминува од состанок во Студио Сити, Калифорнија, а се насмевнала додека го покажувала својот уникатен додаток.

Поранешната телевизиска новинарка ја комбинирала чантата со темен тексас фустан и кафеав ремен кој ѝ го истакнал струкот.


Својот изглед го надополнила со кафеави потпетици и кафеави очила за сонце и едноставна фризура.

Кога станува збор за Баленсијага, овој моден бренд е познат по своите бизарни додатоци кои чинат илјадници долари – од нараквица во форма на селотејп до торба која имитира кеса за ѓубре.

Свадбата на Лорен Санчез и основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, би можела да биде еден од најгламурозните настани оваа година. Според информациите на ТМЗ, на листата на гости се најпознатите имиња од светот на шоубизот.

Имено на листата на гости се големи ѕвезди како Ева Лонгорија, Кејти Пери, Орландо Блум, Опра Винфри, Гејл Кинг, Крис Џенер, Ким Кардашијан и Џевел. Исто така поканети се Иванка Трамп и Џаред Кушнер, како и познатата манекенка Карли Клос со нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер.