Драма на небото над Хрватска: Авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Макфакс

29/03/2025

11:04

21.116

Големина на фонт

а а а

Авион на „Кроација ерлајнс“ кој утринава полета од Загреб за Франкфурт се врати на аеродромот „Фрањо Туѓман“ по само 20 минути лет, јавуваат патниците.

Авионот морал да се врати поради технички проблеми.

„Мала техничка неисправност. Сега седиме во авион во Загреб“, вели патникот, пренесе „Вечерњи“.


Како што се додава станува збор за авион „Даш 8“, кој е дел од националниот превозник од 2008 година, што значи дека лета веќе 17 години.

За таков модел, тоа е приближно две третини од работниот век, што во Европа е во просек 25 години.


Авионот е еден од петте вакви турбопромотори што ги има Хрватска во својата флота, 9A-CQA е најстар. Во последните седум дена имаше во просек по седум лета дневно.