Иако на својата роденденска прослава „глумеше лудило“ и беше видливо незадоволна, една портокалова мачка стана вистински хит на социјалните мрежи.
Видео-снимката, во која мачката изненадено гледа додека нејзините сопственици ѝ ставаат роденденска „торта“ со бројот 5 пред неа – но тоа воопшто не ја воодушевува – неодамна беше објавена на "TikTok" профилот "@chengcheng4953", пренесува "Index".
Видеото е прегледано 5 милиони пати и има повеќе од еден милион лајкови.
Мачка со славеничка капа, но без големо воодушевување
На снимката се гледа симпатична портокалова мачка со роденденска капа на главата.
За да ја направат оваа посебна прилика уште посвечена, нејзините сопственици одлучиле да ѝ ја испеат добро познатата песна „Среќен роденден“, но во мачја верзија – со мјаукање.
@chengcheng4953 #fyp #fyp #cat #tiktok ♬ 原聲 - Anko
Епилогот? Збунет поглед, тотална незаинтересираност за вниманието, песната и „колачот“, а набргу потоа – и нејзино заминување.
Иако многумина би ја нарекле „неблагодарна“ и „себична“, токму оваа рамнодушност го освои срцето на гледачите на "TikTok".
Погледнете го и вие „недоличното“ однесување на мачката на сопствената роденденска прослава!