Полицијата приведува нови осомничени за пожарот во клубот „Пулс”, уапсени се Љупчо Папазов, Николчо Илијев и Ратко Димитровски

A1ON.MK

20/03/2025

19:45

3.554

Големина на фонт

а а а

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”.

Меѓу уапсените се градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев од СДСМ и Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, велат од истрагата.

Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.