Џо Мацула има привилегија да ги одмора најдобрите ѕвезди во завршницата од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, се со јасна цел да се сочуваат силите за плејофот.
Бостон има навистина широк ростер и успева да победува и во ситуација кога се игра со комбиниран тим, а најдобар доказ за тоа е последниот меч против Бруклин.
Актуелниот шампион победи на домашен терен со 104:96, а неочекуван херој на натпреварот беше дебитантот во редовите на „келтите“.
Бејлор Шајермен ги дочека своите „пет минути“ во НБА лигата и испорача дури шест тројки од седум обиди, па со тоа стана првиот дебитант во историјата на Бостон кој постигнал 20 поени за помалку од 20 минути минати на паркетот.
Поточно, Бејлор доби само 16 минути во пресметката со Бруклин, но тоа беше доволно за да прерасне во неочекуван херој кој доби стоечки овации од присутните во „Ти-Ди Гарден“.
Celtics rookie Baylor Scheierman 🎯🔥
— House of Highlights (@HoHighlights) March 19, 2025
• 20 PTS (career high)
• 6 3PT
• 7/8 FG
• 16 MINS pic.twitter.com/yclVAoTKTb