Италијанецот кој пристигна како големо засилување за одбраната на Артета: Сакам да се испробам како играч за врска

Дерби

19/03/2025

13:22

506

Големина на фонт

а а а

Рикардо Калафиори доби сериозна конкуренција во Луис Скели и доста често е ротиран како лев бек од страна на Микел Артета, па јасно е дека големото летно засилување мора да се задоволи со поделба на минутажата со талентираниот играч од младинската школа во оваа фаза од сезоната.

Италијанскиот репрезентативец пристигна како огромно засилување за Артета во летниот преоден рок и негова најголема предност е тоа што може да игра како стопер, но и како лев бек, но Калафиори не планира да застане тука и наскоро сака да се испроба како играч за врска.

Свесен за се поголемата конкуренција која ја има во Арсенал, Рикардо е подготвен да му се понуди на Артета и како играч за врска, а тоа го посочи при враќањето во родната земја по повод репрезентативните предизвици кои следат во наредните неколку дена.

– Сè уште сум многу млад и има многу работи кои се уште не знам да ги правам. Сакам да продолжам да учам, целта е да можам да одговорам на што е можно повеќе позиции.

– Засега можам добро да одговорам во две улоги, како стопер и лев бек, но отсекогаш сум имал страст да се испробам како играч за врска. Секогаш сум сакал да играм во средината и сакам да се испробам во иднина, – вели Калафиори.