„Подарок од античките народи“ – Слики на камен, стари околу 4.000 години откриени на северозападот на Кина

Точка

18/03/2025

17:38

593

Големина на фонт

а а а

Две слики на камен кои датираат од пред 3.000 или 4.000 години се откриени во провинцијата Гансу во северозападна Кина, потврдија локалните власти.

Едната од сликите е висока 2,4 метри и широка 3,9 метри со шест прикази на овци, елени и кучиња, а другата е малку помала и содржи пет слики.

Три слики биле оштетени од временските услови, а истражувачите рекоа дека од двете кои преживеале, особено впечатлива е едната на која е прикажан човек како држи камшик и брка трбушеста овца.

Истражувачите од тимот за културни реликвии на Пингчуан изјавија за агенцијата „Xinhua“ дека ова е првпат слика на трбушеста овца да биде пронајдена на тамошните камени слики.


„Сите бевме возбудени што ги видовме овие слики, како да сме добиле голем подарок од античките народи“, изјавил истражувачот Гуо Мингчун.

Од 1970-тите, на неколку различни локации во Гансу биле откриени повеќе места со слики на карпи.

„Античките слики на карпи во Гансу често биле создадени со резба, гравирање и други техники, што е од голема вредност за проучување на општествениот живот, историјата и културата на нашите древни предци“, рече истражувачот Гао Чијан.

Истражувачите забележале дека сликите на карпи пронајдени во Гансу најчесто се наоѓаат во оддалечени планини или речни долини, така што нивните примитивни карактеристики се зачувани, но оддалеченоста ја отежнува заштитата на артефактите.

За да ги зачува историските информации на карпестите слики, Гансу формирал база на податоци за дигитални слики на карпи, а во 2023 година било завршено собирањето на високопрецизни податоци за 72 парчиња карпеста уметност.