Првата генерација на култниот "Ford GT" се враќа во продажба

Точка

17/03/2025

09:23

781

Големина на фонт

а а а

По низа финансиски проблеми, производството конечно започнува.

Легендарниот модел од 1960-тите, кој остана запаметен по ривалството меѓу "Ferrari" и "Ford" на Ле Ман, како и по неверојатниот успех со четири последователни победи, се врати во 2010 година. Тогаш го претстави "Matech Components" со тркачкиот концепт "Ford Matech Concepts GT1 Le Mans". За жал, компанијата подоцна банкротираше.


Проектот го презеде "Lynx Motors" во соработка со "Graham Rahal Performance", а сега решија врз истата основа да создадат хиперспортски автомобил со бескомпромисни перформанси. Автомобилот е проширен, аеродинамиката е подобрена, а каросеријата е изработена од карбон. Сè на сè, автомобил од соништата што никогаш нема да го видиме во понудата на "Ford".


Класична внатрешност со модерен допир

Поглед во кабината е можен само преку рендери, кои откриваат нов волан и неколку модерни додатоци, како што е безжичното полнење. На среќа на љубителите на класиката, кокпитот останува со аналогни инструменти, а луксузната внатрешност во две нијанси остава силен впечаток.


Моќен мотор и ограничена серија

Производството го надгледува "Graham Rahal Performance" од Зионсвил, Индијана. Засега е потврдена верзија со "V8" мотор со турбополнач и 1200 коњски сили, во комбинација со шестстепен рачен менувач од "Ricardo".


На официјалната веб-страница се споменуваат и претходно најавените специјални изведби "Gulf" и "Eau Rouge". Во промотивните материјали се наведува цена од 1.7 милиони долари, а реално е да се очекува сличен износ за секој од планираните 28 примероци.