Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Макфакс

14/03/2025

14:06

723

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи.

„Покварениот Џо Бајден нè внесе во вистински хаос со Русија (и сите други!), но јас ќе ја извлечам ситуацијата. Милиони луѓе умреа без потреба, за никогаш повеќе да не се видат… И многу други ќе умрат ако не го завршиме и потпишеме прекинот на огнот и конечен договор со Русија.

Немаше да има војна да бев претседател. Тоа едноставно, 100 проценти, не би се случило. Исто така, немаше да има 7 октомври со Израел, повлекувањето од Авганистан ќе беше силно и гордо и немаше да биде најсрамниот ден во историјата на нашата земја, тоа можеше да биде момент на слава“, напиша Трамп на „Трут соушал“.

„Исто така, немаше да има забележлива инфлација – наместо тоа, имаме рекордна инфлација што ја уништува земјата, каква што досега не сме виделе“, рече Трамп.

Ќе имаме и непробојна граница, со многу малку илегалци кои влегуваат. Ах, каква разлика ни направија наместените и нефер избори, а луѓето што ни го направија тоа треба да завршат во затвор!“, додаде тој.

Оваа најава доаѓа додека се чека конкретен одговор од Русите дали ќе се согласат на 30-дневен прекин на огнот.

За време на состанокот со американските претставници во Џеда, Саудиска Арабија, Украинците рекоа дека се подготвени да се согласат на прекин на огнот.