СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко Петрол“ од 40 илјади евра

Макфакс

14/03/2025

13:21

1.041

Големина на фонт

а а а

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот со спорниот тендер за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и определен му е куќен притвор.

СДСМ возврати на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека институции и општини раководени од владејачката партија имаат склучено над 170 договори за тендери со истата комапнија.

„Министерството за образование и наука, потпишан од Весна Јаневска од ДПМНЕ, склучен на 31.12.2024 година со Пуцко Петрол тежок 2.500.000 денари или 40.000 илјади евра. Не навлегуваме во внатрешните игри на ДПМНЕ, но еве нека види Бојан Стојановски за колку го има појачано профитот на Пуцко Петрол Весна Јаневска и нека одговори: Колку пари на граѓаните завршија кај Пуцко Петров благодарение на ДПМНЕ и нивните градоначалници, министри, директори на институции?“, велат од СДСМ.

Пртходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, рече дека благодарение на СДСМ и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти. Тој рече дека „Пуцко петрол“ со години наназад набавува различни производи како мазут, нафта, за многу градинки, училишта, болници, како и за различни државни институции. Најголемиот скок на имотот на Пуцко петрол е во период на владеење на Зоран Заев, додаде Стојановски.