[ФОТО/ВИДЕО] „Мама е лоша, мора да оди во затвор“: Полицијата добила шокантен повик од 4-годишно момче, а кога пристигнале на адресата...

Точка

13/03/2025

15:25

2.425

Големина на фонт

а а а

Во гратчето Маунт Плезант, Висконсин, САД една мајка на четиригодишно момче решила да го изеде неговиот сладолед. Иако можеби мислела дека тоа ќе помине незабележано, нејзиниот син решил да ја земе правдата во своите мали раце – и повикал полиција.

Според полицискиот извештај, момчето се јавило на 911 и сериозно ја пријавило својата мајка.

„Мајка ми е злобна“, му рекол тој на збунетиот диспечер, а на прашањето што точно се случува, тој одговорил: „Дојди и одведи ја мајка ми“.

После тоа се вклучила и самата „обвинета“. Земајќи го телефонот од рацете на нејзиниот син, таа му рекла на диспечерот: „Ах, малиот го зеде телефонот, има четири години“. Потоа низ смеа признала: „Го изедов неговиот сладолед, веројатно затоа се јавил на 911“.

Иако мајката се обидела да ја смири ситуацијата, малото момче сепак можело да се слушне во позадина како енергично се залага за својот сладолед. Тој воопшто не бил среќен. Полицијата сепак морала да реагира, бидејќи зад повикот секогаш можеше да има нешто посериозно. Тие пристигнале во куќата каде ги пречекало малото момче, кое потврдило дека мајка му навистина го изела неговиот сладолед и уште еднаш рекло дека таа треба да оди во затвор.

On 3/4/25, Officer Gardinier and Officer Ostergaard were dispatched for a 911 hangup. A little boy called 911 saying his...

Posted by Village Of Mount Pleasant Police Department on Wednesday 5 March 2025

За среќа, целата ситуација завршила со насмевка. Полицијата успеала да го убеди момчето да се откаже од „обвиненијата“, па на крајот признало дека не сака мајка му да заврши зад решетки, туку дека сака само нов сладолед.

А, за да му покажат дека полицијата има помека страна, се вратиле два дена подоцна – со две топки сладолед и сини шарени трошки одозгора. Малото момче не ја криело возбудата.