Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

Макфакс

12/03/2025

17:41

384

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денеска во врска со безбедносната состојба во регионот изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и изрази уверување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како пред 30 години.

„Со големо внимание ги следиме сите политички настани, не само во Босна и Херцеговина, туку и во Косово и Србија. Гледаме дека ги следат и меѓународните политички и воени сили, како што се НАТО и Обединетите нации“, изјави Анушиќ за новинарите во Книн, објави Хрватската радио и телевизија.

Тој изрази уверување дека НАТО и меѓународната политика нема да дозволат ситуацијата да се развива како пред 25 или 30 години, но дека ќе биде „контролирана и нема да оди во несакана насока“.

На новинарско прашање за настаните во Босна и Херцеговина, Анушиќ рече дека се надева дека нема да има ескалација.