Јагнето било пронајдено во исклучително лоша состојба, поради што сопственичката стравувала дека е предоцна за спас. Сепак, го зела со себе и му дала колострум – првото млеко што го консумираат цицачите.
Во светот на сточарството, напуштените или одбиени младенчиња, за жал, не се реткост. Сепак, постојат поединци чија посветеност кон животните ги надминува вообичаените обврски, а една таква приказна доаѓа од семејниот ранч "Freedom Ranch" во американската сојузна држава Вирџинија, каде што беше пронајдено јагне што го напуштила неговата мајка. Благодарение на брзата реакција и несебичната грижа на сопственичката на ранчот, ова мало суштество доби втора шанса за живот.
Јагнето било пронајдено во исклучително лоша состојба, поради што сопственичката стравувала дека е предоцна за спас. Сепак, го зела со себе и му дала колострум – првото млеко што го консумираат цицачите.
Само неколку часа по хранењето, јагнето почнало да се враќа во живот и ги направило своите први чекори. Сопственичката открила дека јагнето, кое го нарекле Лулу, одлично напредува и веќе се спријателило со семејната мачка.
Приказната за Лулу беше објавена на Instagram профилот "@freedomranch_homestead", каде што за шест дена собра повеќе од 1,3 милиони прегледи.
„Има насмевка на лицето“, „Ја пронајде својата мајка“, „Преслатко, се надевам дека целосно ќе заздрави“, „Ти се заблагодари“, „Навистина е неодолива, го обожавам нејзиниот глас“, се само некои од коментарите на гледачите.