[ВИДЕО] Кинез го тестирал системот за самоуправување на Тесла автомобил: Погледнете со колку казни завршил за една ноќ

Точка

07/03/2025

12:04

3.971

Големина на фонт

а а а

Кинескиот блогер Чен Жен предизвика голема дебата на социјалните мрежи откако заработи дури седум сообраќајни казни додека ја тестирал новата кинеска верзија на системот Тесла „Full Self-Driving“.

На 26 февруари, Чен објавил видео на платформата „Weibo“ на кое го прикажува тестирањето на Тесла улиците на Пекинг во текот на ноќта, кога заработил дури седум казни. Прекршувањата вклучувале возење по велосипедска патека, преминување на полна линија и возење право низ лентата наменета за вртење.

Блогерот нагласил дека „FSD“ на Tesla во Кина моментално е на второто ниво на автономија, што значи дека возачот сноси целосна одговорност за однесувањето на возилото во секое време, вклучително и прекршоците.

Истовремено, кинеската платформа за преглед на автомобили „Dongchedi“ спровела компаративен тест на „Tesla Model Y“, „Li Auto L7“ и „AITO M9“, кои имаат напредни системи за помош при возење.

Резултатите покажале дека за „Model Y“ на „Tesla“ барале 24 интервенции на возачот и притоа собрале 34 сообраќајни прекршоци. „Li Auto L7“ имал 9 интервенции и 14 прекршоци, додека „AITO M9“ забележал 12 интервенции и исто така 14 прекршоци. „Tesla“ објавил дека започнал да нуди напредни функции за самоуправување за своите возила во Кина, вклучително автопилот за градските улици и систем за надзор на ретровизорот кој проверува дали возачот го следи патот.