Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Макфакс

22/02/2025

13:03

337

Големина на фонт

а а а

„Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат. Сашо Орданоски е истурена перјаница на СДС, сива еминенција на партијата и еден од главните советници на Заев и Филипче. Настапите на Сашо Орданоски секогаш биле на линија на СДС, тој ги величал шефовите на таа партија и работел на нивно доаѓање на власт“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сашо Орданоски нема ниту еден настап кој не е на линија со СДС. Од тука легитимно се поставува прашањето дали ако се земе в предвид фактот што СДС не излезе и не го осуди ставот на Орданоски за САД и Трамп тие го делат истиот став?

Го пушти ли Венко Филипче, Сашо Орданоски, да го каже тоа што тој го мисли?

Жално е да се гледа на што се симна СДС да се натпреварува со Левица за опозициски гласови низ призмата кој е поголем aнти Американец и aнти Трамп.

Му даваме шанса на Венко Филипче и СДС да излезат и јавно да го осудат Сашо Орданоски, во спротивно сами се цементираат на дното на политиката“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.