ВМРО-ДПМНЕ: Болката на СДС не е грижа за граѓаните, туку грижа што не можат веќе, како до сега, да крадат

Макфакс

15/01/2025

11:58

203

Големина на фонт

а а а

Според ВМРО-ДПМНЕ, мерките на владата даваат резултати. Над 1000 производи, како што велат се продаваа со намалена цена.

„Помина времето како до сега, кога наместо за граѓаните, СДС единствено се грижеше за богатење на нивната елита. Болката на СДС не е грижата за граѓаните, нивната грижа единствено е што не можат, како до сега, да крадат. СДС се тие кои што го зголемија ДДВ на храната, што доведе и до зголемување на цените на производите“.

Како што соопштија од оваа партија, за разлика од СДС која се грижеше исклучиво за луѓето во своите високи партиски редови, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води грижа за сите и посветено работи за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Тоа, според нив, ќе се постигне со досега преземените мерки за намалување на цените на производите, зголемувањето на платите и пензиите, како и со забрзаниот економски раст.

Откако за шест месеци се запре слободниот пад на економијата, најавуваат дека годинава ќе следи забрзан раст преку реализација на капитални инвестиции, зголемување на странските инвестиции, кои лани беа на историски највисоко ниво од околу милијарда евра.