Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп

Макфакс

15/01/2025

07:45

763

Големина на фонт

а а а

Мишел Обама, сопругата на поранешниот американски претседател Барак Обама, наводно нема да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, пренесува Е! Вести.

„Поранешната прва дама Мишел Обама нема да биде дел од претстојната инаугурација“, изјави претставник на сопружниците Обама. За разлика од неа, Барак го потврди своето присуство на церемонијата.

Мишел го пропушти и погребот на поранешниот демократски претседател Џими Картер, кој се одржа на 10-ти јануари. Покрај Барак, на збогувањето присуствуваа и Џо Бајден, Џорџ Буш, Доналд Трамп и Бил Клинтон. Се појавија и Камала Харис, Мајк Пенс и Ал Гор.

Инаугурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари. Некои од политичарите кои го потврдија своето присуство се Бил и Хилари Клинтон, Џорџ и Лора Буш и Џо Бајден. Кантри пејачката Кери Андервуд ја прифати поканата да пее на инаугурацијата, каде што ќе ја изведе песната America The Beautiful.