Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки

Макфакс

10/01/2025

13:19

1.831

Големина на фонт

а а а

По прекинот на испораките на руски гас преку украинскиот гасовод, односите меѓу Словачка и Украина се влошуваат. Премиерот на Словачка најавува мерки против Украина доколку не се реши проблемот со транзитот на гас.

Суспендирањето на транзитот на гас преку Украина поради поскапувањата веќе ја чинеше Словачка 500 милиони евра плус милијарда транзитни такси. Затоа премиерот Роберт Фицо ѝ ги откри на Европската комисија реципрочните мерки што Братислава ги подготвува за Киев.


„Можеме да ја запреме целата хуманитарна помош, дури и онаа неодамна одобрена од словачката влада. Можеме значително да ги намалиме, па дури и да ги елиминираме разните поволности што им ги даваме на украинските граѓани, а кои ги почнавме на почетокот на војната. Втората мерка се однесува на снабдување на Украина со електрична енергија. Словачка е единствената земја способна да испорача електрична енергија во Украина во рок од 30 минути во итни ситуации“, рече Фицо.


Остро реагира украинската амбасада во Братислава.

„Украинската амбасада го изразува својот протест против намерите на словачката влада и уште еднаш апелира на воздржување од контакти со Русија бидејќи таквите акции придонесуваат за легитимирање на руската агресија врз Украина“.