Кејт Мидлтон денес го слави својот 43-ти роденден, што значи дека припаѓа на хороскопскиот знак Јарец.
Жените родени под знакот на Јарец се алфа-жени – амбициозни, дисциплинирани, организирани, трпеливи, одговорни, практични, решителни, бестрашни, фокусирани и вистински ѕвезди водилки.
Жените Јарец стојат цврсто на земја, не се склони кон мечтаење и го извлекуваат максимумот од животот.
Нивната амбиција ги тера постојано да одат напред, стремејќи се да напредуваат по патот што самите го поставиле.
Се вели дека нема посилна жена од онаа што е родена во знакот Јарец – способна е да ги надмине сите неволји и да реши секој проблем, со смиреност и трезвеност.
Иако на прв поглед може да делува ладно и незаинтересирано, под површината се крие исклучителна смисла за хумор и силна желба за сигурност. Таа е подготвена да ги жртвува сопствените амбиции за доброто на своето семејство.
Кога има лош ден, може да биде тврдоглава, молчалива, срамежлива и склона кон песимизам.
Нејзината природа не дозволува да се заљуби на прв поглед или да губи време на флертување без смисла. Љубовта за неа е сериозна работа, и ако некој ѝ се допаѓа, нема да се потпре на судбината. Секогаш свесна за своите способности, ќе ги преземе работите во свои раце и ќе се погрижи да го освои мажот што го сака.