Тотенхем е тимот кој му го нанесе само вториот пораз на Ливерпул од стартот на сезоната (1:0), но епилогот од мечот не можеше целосно да ги израдува „петлите“, а причина за тоа е немилиот настан од самиот старт на мечот.
Кога истекуваше 6-та минута од полуфиналето во Карабао Купот, Родриго Бентакур се обиде да зафати со глава една топка која пристигна по изведениот корнер, но наместо да ја удри истата, имаше чудно движење и неподвижен заврши на тревата.
Играчот за врска колабираше и веднаш стана јасно дека станува збор за немил настан, но среќна околност беше брзата реакција на Педро Поро, како и онаа на лекарските служби.
Бентанкур успеа да биде стабилизиран и со помош на носилки беше изнесен од теренот, а притоа на себе имаше и маска за кислородна поддршка.
Тотенхем како клуб соопшти дека Бентанкур бил свесен и можел да зборува по страшната сцена, но најави и дека ќе му бидат направени детали лекарски прегледи за да се утврди што предизвика да падне во бессознание на теренот.
Rodrigo Bentancur, no football fan want to see this. Wishing him a speedy recovery 🙏🏼
— Henz (@UTDHenz) January 8, 2025
pic.twitter.com/YHiPud0w93