Лапорта „полудел“ по вестите за Олмо, ги пцуел челниците на федерацијата

Макфакс

09/01/2025

11:12

380

Големина на фонт

а а а

Врховниот спортски совет пресуди во корист на Барселона, дозволи привремени регистрации на Дани Олмо и Пау Виктор.

Оваа одлука е изненадување, со оглед на тоа што Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација претходно одбија да ги регистрираат споменатите фудбалери. Сепак, ова е привремено решение, а наскоро се очекува епилогот од неверојатниот скандал што го оркестрира великанот од стадионот „Камп Ноу“.

Барселона го искористи правото на жалба, што значи дека конечната одлука ќе биде донесена откако жалбата ќе биде разгледана во рок од три месеци. Дотогаш регистрацијата останува валидна, но доколку жалбата биде одбиена, Олмо и Виктор нема да можат да играат за Каталонците до крајот на сезоната.

Шпанските медиуми пренесуваат дека претседателот на Барселона Џоан Лапорта предизвикал скандал на стадионот во Џеда, каде синоќа Барселона го победи Атлетик Билбао (2:0) во првото полуфинале, во Суперкупот на Шпанија.

Лапорта бил на стадионот кога дознал дека Олмо и Виктор ќе бидат регистрирани. Наводно, по првичната среќа брзо се изнервирал и ги навредувал членовите на Управниот одбор на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ). Ги нарекол „бесрамни“, „кукавици“ и „исплашени“ што претходно не ја одобриле регистрацијата на неговите играчи.

„АС“ наведува дека тој, исто така, ги нарекол присутните во областа резервирана за директорите на Ла Лига „кучкини синови“, според присутните сведоци. Дополнително, луѓето кои биле во ВИП ложата изјавиле дека „имало непочитување“ и иако „немало викање“, Лапорта „неколтурно се однесувал“.

Лапорта имал и тензичен разговор со Рафаел Лузан. Кадена СЕР потврди дека шефот на Барса приватно разговарал со претседателот на шпанската федерација за „јасно да му каже четири работи во лице“.