[ВИДЕО] Угина Феликс, кучето кое безмилосно беше тепано со стап по глава, а неговата судбина ја сплоти цела Македонија

A1ON.MK

08/01/2025

17:35

2.761

Големина на фонт

а а а

Во ЈП Лајка утринава угина Феликс, кучето кое кон средината на ноември беше тепано со стап по глава во складиште во Момин Поток, само затоа што извршило нужда пред вратата на складиштето. Вработените во „Лајка“ вложија натчовечки напори да го спасат кучето кое имаше сериозни повреди на главата, тоа храбро се бореше за својот живот, но, за жал, не успеа.

„Со бесконечна тага и огромно разочарување ви соопштуваме дека по долга, неуморна, тешка и посветена борба за спасување на животот на Феликс, тој сепак нè напушти и си го најде конечно својот вечен мир.Иако дојде со тешки повреди како сенка од куче, поразено од животот и од човечката бруталност и суровост, тој се бореше со сите можни сили, јуначки до самиот свој крај, давајќи ни верба дека можеби ќе успееме заеднички во оваа незвозможна мисија“, соопштија од Лајка.

Оттаму додаваат дека од самото влегување на Феликс, неговото заздравување било неизвесно и променливо.

„Покажуваше бројни подобрувања и влошувања на здравствената состојба, но за време на раните утрински часови Феликс доби напад кој за него беше фатален како резултат од многу здравствени компликации.Во последните месеци од неговиот живот Феликс, за прват беше опкружен со љубов, грижа, топлина, најубава храна и радост. Првпат имаше шанса да почувствува како е да се биде сакано куче. За жал и последен“, соопштија од Лајка.

 

Феликс сплоти илјадници граѓани на социјалните мрежи – голем дел од нив се понудија да го вдомат, а многу граѓани донираа храна, лекови и кебиња за Феликс.

За насилникот што го претепа кучето, се уште нема ниту официјална информација дека е поднесена кривична пријава. Станува збор за лицето Љ.К. (61) од Ново Село. Од страна на МВР тој беше приведен и најава дека ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје.