Ја прославил новата година со сестра си, па ja убил: шефот на црногорската полиција откри детали од масакрот во Цетиње

Макфакс

02/01/2025

20:38

2.240

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора одржа вонредна прес-конференција на која беа соопштени сите детали за монструозниот масакр во Цетиње.

Тамошните медиуми потсетуваат дека загинаа 12 лица, а четворица се тешко повредени и се во тешка состојба во Клиничкиот центар на Црна Гора.

„Ја уби сопствената сестра, беа во добри односи. Нова година ја чекаа заедно. Уби две деца и братот на сопственикот на кафаната, повеќето жртви се негови пријатели, кумови, сонародници”, откри Лазар Шќепановиќ, в.д директор на полициската управа на Црна Гора.

Ацо Мартиновиќ (45) го изврши масакрот попладнето во средата на 1 јануари во Цетиње.

Убил 12 лица на неколку локации, додека четири лица се тешко повредени.

Кога бил лоциран и опкружен со специјални единици, тој извршил самоубиство.

На повредите им подлегнал во возилото на Брзата помош кое било на пат кон Клиничкиот центар на Црна Гора.