Мајк Мелоун никогаш не го криел воодушевувањето од можноста да соработува со Никола Јокиќ, а српскиот центар покрај индивидуалните МВП признанија, го одведе Денвер и до титула во НБА лигата.
Утринава, српскиот центар стигна до трипл-дабл иако ја пропушти последната четвртина, па тоа било повод за Мелоун уште еднаш да се фокусира на својот најдобар кошаркар.
– Веќе десет години сме благословени да го гледаме Никола и она што го прави секоја вечер.
– Секогаш сум се воодушевувал на неговата постојаност, нема многу играчи кои можат да играат така во континуитет, на толку високо ниво.
– Неверојатно е колку лесно изгледа кога тој го прави, не е најголем атлета, но неговите бројки се страшни и тој ги подобрува сите во тимот, – рекол Мелоун.