Стјуардесата која ја преживеа несреќата во Јужна Кореја: „Причината веројатно е судир со птица“

Макфакс

29/12/2024

11:00

2.130

Големина на фонт

а а а

Претпоставувам дека причината за несреќата е судир со птица, изјави едната од двајцата спасени членови на екипажот за локалните медиуми, додека потврдениот број на загинати расте и веќе е над 160 лица.

„Од едниот од моторите излегуваше чад, а потоа дојде до експлозија“, изјави Ку, стјуардеса на 20-тите години, за новинската агенција „Јонхап“.

Другиот преживеан, стјуардот Ли (33), изјавил дека не се сеќава на околностите на несреќата.


На преглед кај лекар во болницата, тој наводно прашал: „Како завршив овде?

„Го носев безбедносниот појас пред слетувањето, се чувствував како авионот да ќе слета, но после тоа не се сеќавам на ништо“, додаде.

Според весникот Aju Business Daily, Ли се здобил со фрактура на левото рамо и повреди на главата.

Двајцата преживеани се во болница на лекарска помош.