Работник шест дена бил заробен на планина кај Бихаќ, на екстремни минусни температури

Макфакс

27/12/2024

11:40

469

Големина на фонт

а а а

Работникот кој шест дена беше заробен на планината Плешевица кај Бихаќ, конечно е спасен и е безбеден, а откриено е и како ги преживеал многу ниските температури.

Според информациите, вчера во 15 часот и 30 минути четиричлена екипа на ГСС Бихаќ тргнала од Заваље за да го спаси завеаниот работник на Плешевица кој шест дена се криел во контејнер на екстремни температури и снег.

Како што велат, планинарската патека Заваље-Буква била непроодна поради над еден метар снег, па екипата се одлучила за друг пат иако бил подолг.

„После осум километри моравме да продолжиме пеш низ длабок снег користејќи чевли за снег. Работникот го најдовме околу 21:30 часот во контејнер, каде што помина шест дена поради невремето и студот. Беше неповреден и имаше доволно храна, но истоштен “, велат од ГСС Бихаќ.

На враќање, движењето било забавено поради болката и заморот на жртвата, што ја отежнало акцијата.

„По 12 часа и 26 километри поминати со искачување од 1.600 метри, акцијата беше успешно завршена во 04:30 часот со пристигнувањето во Заваље. Оваа тешка и исцрпувачка интервенција уште еднаш ја покажува одлучноста и подготвеноста на нашите екипи“, нагласи ГСС Бихаќ.