Јужна Кореја го отповика и в.д претседателот

Макфакс

27/12/2024

09:59

417

Големина на фонт

а а а

Јужна Кореја гласаше за отповикување на вршителот на должноста претседател Хан Дак-Су, две недели откако парламентот го отповика претседателот Јун Сук-Јол.

За отповикување на Хан гласаа вкупно 192 пратеници, а за да успее предлогот потребни се 151 глас, јавува „Би-Би-Си“.

Премиерот Хан ја презеде улогата откако претседателот Јун беше отповикан од парламентот поради неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба на 3-ти декември. Хан требаше да ја изведе земјата од политичката криза, но опозициските пратеници тврдеа дека тој ги отфрла барањата за завршување на процесот на импичмент на Јун.

Во парламентот денеска за време на гласањето беше хаотично, а повеќето претставници на владејачката партија го бојкотираа гласањето.