Путин: Бајден ми понуди во 2021 година да се одложи членството на Украина во НАТО

Макфакс

27/12/2024

08:13

1.194

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека неговиот американски колега Џо Бајден му предложил во 2021 година „да се одложи членството на Украина во НАТО за десет до 15 години“, додека Украина долго време бара членство.

„Во 2021 година, сегашниот американски претседател Бајден ми предложи влезот на Украина во НАТО да се одложи за 10-15 години, бидејќи се уште не беше подготвена“, рече Путин за време на телевизиската прес-конференција.

Рускиот претседател рече дека му одговорил на Бајден разумно.

„Да, Украина сега не е подготвена. Сепак, вие (САД) ќе ја подготвите (Украина) за тоа (членството во НАТО) и ќе ја прифатите“, додаде Путин.

Според него, Русија не се грижи дали Украина ќе влезе во НАТО денес, утре или за десет години.

Москва смета дека членството на Украина во НАТО е црвена линија, додека Украина смета дека членството е неопходно за нејзината безбедност против Русија и бара да биде примено што е можно поскоро.

Вашингтон и Берлин не сакаат да прифатат каква било перспектива за брз пристап на Украина во НАТО.

Кремљ на почетокот на декември повторно предупреди дека влезот на Украина во НАТО ќе претставува неприфатлива закана за Русија.