"Ray-Ban" паметните очила добиваат дисплеи

Точка

26/12/2024

15:01

766

Големина на фонт

а а а

Екраните најверојатно ќе се користат за прикажување на известувања и одговори кои доаѓаат од виртуелниот асистент.

Изгледа дека "Meta" се подготвува да додаде дисплеј во својата популарна линија на паметни очила "Ray-Ban", според "Financial Times".


Овие екрани би можеле да бидат прикажани во идните верзии на уредот, веќе следната година. Можна е имплементација на оваа надградба во втората половина на 2025 година.

Според извори со увид во плановите на "Meta", екранот ќе биде помал по големина и најверојатно ќе се користи за прикажување на известувања или одговори од виртуелниот асистент со вештачка интелигенција на "Meta". Засега не се верува дека "Meta" ќе ги направи овие очила вистински уред за измешана реалност.


"Ray-Ban" паметните очила се неочекуван успех за "Meta". Според многуте реакции на корисниците и експертите, тие изгледаат одлично и нудат респектабилни перформанси.

Актуелниот модел вклучува и слушалки за во уво, камери, микрофони и пристап до виртуелниот асистент на "Meta".