Чудо на Камчатка! Авионот се урна, екипажот пронајден после три дена!

Точка

22/12/2024

17:00

3.219

Големина на фонт

а а а

Авионот Ан-2, кој исчезна пред три дена, е пронајден на Камчатка, јавува руската државна агенција ТАСС. На 19 декември, поради лошите временски услови и обилен снег, авионот, кој превезувал комерцијален товар од село Милково до село Осора, сигнализирал итно слетување, но потоа бил изгубен контакт со него.


Во авионот се наоѓале три лица: двајца членови на екипажот и еден патник, а сите беа пронајдени живи. Според информациите од Маш, по падот, екипажот ископал дупка во снегот и запалил гориво за да се загреат додека чекале спасувачи.


По спасувањето, тие беа пренесени во болница со хипотермија, а еден од пилотите имал затворена повреда на главата и ќе биде опериран. Камчатка е огромен полуостров на рускиот Далечен Исток, познат по својата сурова клима и планински терен. Ова чудо на преживување после три дена во такви екстремни услови ја изненади јавноста.