Силвестер Сталоне зажалил што ја прифатил улогата во овој филм

Точка

20/12/2024

16:34

1.550

Големина на фонт

а а а

Силвестер Сталоне, познат по своите легендарни улоги како боксерот Роки Балбоа и воениот херој Рамбо, постигна светски успех благодарение на својата упорност и одлучност. Неговиот најголем триумф се случи во 1976 година со филмот Роки, кој стана културен феномен, освои три Оскари и го стави Сталоне во центарот на холивудската сцена, а овој филм сè уште се смета за негово најголемо достигнување.

Иако изгради импресивна кариера, Сталоне признава дека направил грешки. Една од нив, како што изјави, е поврзана со филмот „Judge Dredd“ од 1995 година.

„Најголемата грешка која некогаш ја направив беше со несмасниот пристап кон филмот „Judge Dread“, рече актерот, а пренесува „Far Out Magazine“. Филмот, базиран на херој од стрипови, имаше потенцијал за мрачна и интересна визија за иднината, но не ги оправда очекувањата.




Сталоне дополнително го објасни своето разочарување од филмот, велејќи: „Мислев дека концептот може да биде фантастичен, но некој мора да ја преземе одговорноста кога работите не функционираат – и бидејќи бев најпрепознатлив, морав да го сносам најголемиот товар“. Покрај тоа што филмот беше преполн со референци од поп-културата, Сталоне смета дека не ја пренел правилно сржта на ликот и приказната, поради што се чувствувал незадоволно.

Инаку филмот „Judge Dredd“ поторно беше оживеан во 2012 година под режисерската палка на Пит Тревис и со помош на сценаристот Алекс Гарланд, донесувајќи помрачна и подинамична визија на приказната. Иако филмот на Сталоне не ги исполни очекувањата, „Judge Dredd“ останува потсетник на предизвиците и ризиците од создавањето уметност, дури и за најискусните актери.