Град Скопје до Трајко Славески: Од твоето елеметарно непознавање на законите, трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ

Макфакс

11/12/2024

20:23

2.065

Големина на фонт

а а а

Од одделението за односи со јавност на Град Скопје до јавноста е доставена реакција на изјавата на претстедателот на Советот на Град Сопје, Трајко Славески во однос на роковите за поднесување на предлогот за градскиот буџет во наредната 2025 година.

„Кулминација на незнаењето на Трајко Славески. Господине Трајко, сакајќи кај твојот шеф Мицкоски да се оправдаш за штетата која ја правиш од твоето елеметарно непознавање на законите кои го тангираат градот и општините, не само себеси што се ставаш во незгодна ситуација, туку и трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои иако имаат буџетски календар изгласан од Совет, немаат предлог буџет доставено, а рокот им бил до вчера.

Ќе побараш ли од нив одговорност Трајко?

Или да почекаме што стратегија ќе направите да се извадите и од овие глупости во кои сами се вовлековте од незнаење, со единствена цел да наштетите некому а преку тоа на цел град, за ситни политички поени“, се вели во реакцијата на одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Но претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески смета дека за псевдонимот „Град Скопје“ се „крие“ градоначалничката Данела Арсовска и за тоа реагира со објава на мрежата Х, во која наведува дека тоа е „кулминација на манипулациите и ароганцијата на Арсовска“.