3 работи кои ги имале само богатите во Југославија: Сите им се восхитувале, а само среќниците ги имале во својата куќа и стан

Точка

02/12/2024

10:16

9.400

Големина на фонт

а а а

Оние што најголемиот дел од животот го поминале во Југославија тврдат дека немало подобар период за живеење од тоа време, а ние ви пренесуваме неколку интересни факти.

Југославија, земја на еднаквоста. За генерациите што израснале во таа земја, сеќавањето на неа значи - единство, другарство, соседство... За генерациите родени во 2000-тите и кои за Југославија учат во книги и слушаат неколку зборови од нивните баби и дедовци, Југославија е еднаква на - сиромаштија и немаштија.

Меѓутоа, во тоа време не се гледало така. Соседите не им замерале на оние што имаат, барем не многу. Додека повеќето биле во можност да се стекнат со многу работи.

Кога оделе на гости кај пријатели, кумови, роднини - гостите секогаш биле во ситуација домаќинот им да се пофали со нов мебел, аголна гарнитура, грамофон ново Фичо... И секој со задоволство правел прошетка низ новиот стан добиен од државата и гласно фалеле колку убаво се уредени собите, со плетени милјеа.


Сепак, постојат 3 работи што само богатите граѓани би можеле да ги имаат во Југославија:

1. Машина за перење

Во Југославија, жените најчесто вареле алишта во големо тенџере на шпоретот, а потоа ги переле алиштата во бањата, наведнати над кадата. Кога се појавила првата машина за перење, таа се здоби со голема популарност. Оние домаќинки кои ја имале дома гордо ја нарекувале „моја другарка“, бидејќи не можеле ни да замислат поголема и покорисна помош од нејзината.

2. Телевизор во боја

Оние што имале телевизор во боја организирале филмски вечери за соседите и пријателите. Ги гледале филмовите на Брус Ли и Лепа Брена на видео касети.

Купувањето телевизор во боја во Југославија значело откажување од 3 месечни плати...


3. Микробранова печка

Оние што продавале микробранови печки не морале да набавуваат многу од нив, бидејќи имало толку малку богати Југословени кои можеа да си ги дозволат. А, оние кои ги имале и ги користеле гордо зборувале што може сѐ да направи овој уред...

Доколку се сеќавате на некои други работи кои не ги наведовме, споделете ги со нас во коментарите под текстот.