Џо Бајден помилува две мисирки, наречени Праска и Цвет, во Белата куќа, и на тој начин им помогна да ја избегнат тажната судбина односно да не завршат на нечија празнична трпеза.
„Овој настан официјално го означува почетокот на празничната сезона овде во Вашингтон“, изјави Бајден пред публика од околу 2.500 луѓе собрани на Јужниот тревник.
„Исто така, за последен пат ви се обраќам одовде како ваш претседател и на оваа сезона ѝ изразувам благодарност. Затоа сакам да ви кажам дека ова беше честа на мојот живот. Вечно сум благодарен“, додаде Бајден.
„Да го искористиме овој момент за да се оддалечиме од нашите забрзани животи и да се фокусираме на она кое е најважно: нашите семејства. Татко ми имаше една изрека: семејството е почетокот, средината и крајот. Нашите пријатели и соседи, и фактот дека сме благословени да живееме во Америка, најголемата земја во светот – и тоа не е претерување. Во Америка никогаш не се откажуваме. Продолжуваме и ја одржуваме вербата“, додаде Бајден.
Мисирките беа избрани за претседателската поворка и поминаа низ ригорозни подготовки за да се квалификуваат за доаѓање во Белата куќа, изјави Џон Цимерман, претседател на Националната федерација за мисирки.
Мисирките праска и цвет, тешки 18,6 и 18,1 килограми, оваа недела тие отпатуваа за Вашингтон и уживаа во апартман во хотелот „Вилард Интерконтинентал“, што е дел од традицијата пред нивниот голем ден, пренесува „ABC News“.
Бајден објасни дека птиците го добиле името по државниот цвет на Делавер: цветот на праската.
По помилувањето, двете мисирки се вратија во Васека, Минесота, каде што ќе го поминат остатокот од својот живот како „земјоделски амбасадори“ во „Farmamerica“.
Мисирките кои претходно беа помилувани од Бајден се: Слобода и Ѕвонче во 2023 година, Чоколадо и Чипс во 2022 година и Путер од кикиритки и Џем во 2021 година.
„Денеска, Праската и Цветот ќе им се приклучат на слободните птици на Соединетите Американски Држави“ – рече Бајден.
Историјата на претседателските помилувања на мисирките е малку „маглива“. Неофицијално, некои извори укажуваат дека традицијата потекнува од Абрахам Линколн, кој на барање на својот син Тед поштедил една мисирка. Сепак, таа приказна можеби е повеќе легенда отколку факт.
Вистинскиот почеток на оваа традиција во формата во која ја знаеме денес е поврзан со политиката и датира од 1947 година, за време на претседателствувањето на Хари Труман.
Имено Труман предизвика незадоволство со воведување на „четвртоци без живина“ за да се заштеди храна по Втората светска војна. Меѓутоа, Денот на благодарноста, Божиќ и Нова година паднаа во четврток.
Кога Белата куќа беше преполна со живи птици како дел од иницијативата „Кокошки за Хари“, Националната федерација за мисирките и Националниот одбор за јајца и живина му подарија мисирка на Труман мировна понуда, но мисирката не беше поштедена од празничната вечера.
Претседателот Џон Ф. Кенеди ја започна традицијата на јавно помилување на мисирките во ноември 1963 година, неколку дена пред неговиот атентат. Во годините кои следеа, настанот беше спорадичен, па дури и некои први дами, како Пет Никсон и Розалин Картер, ја преземаа обврската за прифаќање на честа во име на нивните мажи.
Традицијата на јавно помилување повторно беше воспоставена за време на администрацијата на Роналд Реган, но официјалната практика започна во 1989 година, кога претседателот Џорџ Х. В. Буш воведе формално претседателско помилување.