Ѕвер на хартија, но во пракса? "Xiaomi" не може на патека поради скромните сопирачки

Точка

26/11/2024

16:21

621

Големина на фонт

а а а

По само пет круга на патеката, сопирачките се прегреаја и релативно малите плочки на сопирачките беа целосно истрошени.

Кинеските производители не опсипуваат со информации за нивните електрични автомобили со неверојатни перформанси. Сите го фалат своето возило, но само вистински тестови можат да откријат колку навистина се добри овие автомобили.

Вака е откриен проблемот со електричниот автомобил "Xiaomi SU7" кој на хартија има 663 коњски сили и забрзува од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди.

Сепак, се чини дека "Xiaomi" штедеше на сопирачките.


Излегува дека "Xiaomi SU7 Max", кој тежи околу 2.000 килограми, има поскромни плочки за сопирачките од, на пример, теренецот од семејството "Honda CR-V", пишува "Autopian".

Од друга страна, конкурентниот "Porsche Taycan Turbo GT" има значително поголеми дискови и поквалитетни клешти на сопирачките.

Од тркачките патеки се појавија и видеа на кои се гледаат судири со "SU7 Max", наводно поради несоодветни сопирачки.


Во едно видео, кинескиот инфлуенсер возел на патот Тианма во Шангај и се приближувал до левата кривина кога откажале сопирачките и автомобилот удрил во ѕид покриен со гуми.

По само пет круга на патеката, сопирачките се прегреаја и релативно малите плочки на сопирачките беа целосно истрошени.


Друг инфлуенсер имаше сличен проблем – удри во заштитна ограда, а овој пат ниту воздушните перничиња не се отворија.

"Xiaomi" признава дека сопирачките не се наменети за трки.

„Би сакале да ве потсетиме дека "Xiaomi SU7 Max" е луксузен автомобил со високи перформанси дизајниран за возење по патишта. Ве молиме не се обидувајте екстремно да возите на тркачки патеки“, се вели во соопштението на компанијата.


Електричниот автомобил користи систем за сопирање т.н NAO (Non-Asbestos Organic), кои се еколошки, потивки и помалку ги трошат дисковите на сопирачките.

Сепак, нивниот недостаток е помалата ефикасност при високи температури и потребата за почеста замена.

Кога "Xiaomi" го собори рекордот за електрични автомобили на Нирбургринг, користеше специјален модел "SU7 Ultra" со надградени плочки и дискови на сопирачките.




Спонзорирани линкови

Маркетинг