Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси

Макфакс

26/11/2024

13:25

353

Големина на фонт

а а а

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ).

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михаил Рокас, во дирекцијата на ЈСП истакна дека донацијата е во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“, вреден 10 милиони евра, кој се очекува да придонесе кон намалување на загадувањето, а ги опфаќа најмногу загадените градови во земјата – Скопје, Битола, Куманово и Тетово.

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, изрази надеж дека донацијата од Европската Унија ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат и за набавка на уште 250 еколошки автобуси.

Во изјавата за медиумите таа ја поздрави најавата на Владата за набавка на нови електрични автобуси, но ја оцени како задоцнета. Веќе за три години можевме да имаме по 50 нови автобуси, додаде градоначалничката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг