Алијанса за Албанците им пиша на дипломатските претставништва „за обидот на власта да ја партизира Агенцијата за медиуми“

Макфакс

21/11/2024

13:27

219

Големина на фонт

а а а

Загрижени од последните случувања и обидите на владејачките партии да го заземат Управниот одбор на Агенцијата за медиуми, Алијансата за Албанците ги алармира дипломатските претставништва на САД, ЕУ, земјите-членки на ЕУ, Албанија, Косово и регионот.

“Во писмото испратено до горенаведените амбасади го потенциравме обидот на владините коалициски партии Влен да наметнат двајца нивни сопартијци во Агенцијата за медиуми, Нафие Селмани и Афрона Вервизоли. Покрај овој обид, амбасадите биле известени и за заканите кон новинарите кои известувале за овој случај од страна на шурата на Верзиволи.

„Советот е исклучително важна институција за спроведување на медиумските политики.

Сепак, партиите повторно се обидуваат да го политизираат целиот процес, со што се шири опасноста од корупција, клиентелизам и инструментализација на медиумската сфера.

Постои ризик за медиумските политики да одлучуваат партиски интереси и етаблирани медиумски лидери“, се наведува меѓу другото во писмото упатено до дипломатските претставништва во земјава“, соопшти Алијанса за Албанците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг