[ФОТО] Оваа баба е најпопуларната модна инфлуенсерка: Живее во село, нејзината возраст не е позната, а светот „лудува“ по неа

Точка

19/11/2024

18:59

1.864

Големина на фонт

а а а

Бабата од Замбија моментално е најпопуларната личност на социјалните мрежи.Бабата Маргарет Чола стана позната благодарение на нејзината внука која е инфлуенсерка. Таа стана интернет сензација кога заедно со внуката почна да се појавува во различни модни комбинации.

На инстаграм е потпишана како „legendary_glamma“ на и моментално има 225.000 следбеници, а се верува дека има околу 85 години.



„Се чувствувам поинаку, се чувствувам како нова и енергична во оваа облека, на начин каков што не сум се чувствувала досега“, вели Маргрет Чола за „BBC“.


Започна со серија интересни фотографии уште во 2023 година, а сè беше идеја на нејзината внука која дошла да ја посети од Њујорк. Со оглед на тоа дека во Замбија донела многу работи кои немала време да ги облече, решила да ѝ ги даде на баба ѝ, која ги облекувала, а таа ја фотографирала и така сè станало вирално.


„Немав што друго да правам, па едноставно реков: „Во ред. Ако сакаш да го направиме тоа, ајде да го направиме, зошто да не“, вели Маргарет.


Нејзиниот прв костум беше сребрен, додека серијата фотографии на кои бабата позира во црвен фустан станаа најпопуларни во април оваа година.

„Бев изненадена од тоа што толку многу луѓе ширум светот ме засакаа. Не знаев дека можам да оставам толкав впечаток на оваа возраст“, изјави Маргарет.


Маргарет ниту самата не знае во какви сè комбинации позирала. Од зелена маичка со мотиви од американскиот фудбал, во комбинација со црвен фустан стилизиран како здолниште во боите на знамето на Замбија, како знак на почит кон шеесетте години независност на државата, до синиот, црн и зелен горен дел, во комбинација со златни ѓердани во облик на змија и алки – тоа беа стајлинзите кои го „освоија“ интернетот.


Сцената која ги освои сите беше онаа кога Маргарет се појави со коза украсена со нејзините омилени бисери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг