Начо си замина од Реал Мадрид изминатово лето и реши да го напушти својот матичен клуб, но во период кога „кралевите“ имаат огромни проблеми со стоперските позиции, многумина се навраќаат на неговото присуство и фактот што секогаш беше тука за да одговори на било која позиција во одбраната.
Поранешниот капитен одбележа своја ера во Реал и сега не планира да се враќа во првиот тим, без оглед на фактот што тимот изгледа доста ранливо по тешките повреди кои ги заработија Дани Карвахал и Едер Милитао.
– Не ми се јавил никој од Реал Мадрид, но и да ми се јави, не планирам да се враќање. Ако ми се јават, дефинитивно нема да се вратам. Јас ја донесов одлуката за заминување после долго размислување, па ако ми се јават, ќе им кажам дека сум среќен со одлуката која ја донесов. Не постои ниту една друга опција за мене, сега морам да страдам додека ги гледам натпреварите на Реал, – вели Начо, кој има и совет за Карло Анчелоти.
– Јас би бил пресреќен ако Реал Мадрид не купи никого во јануари и ако им даде шанса на децата од школата. Ако ништо друго, децата од академијата ќе дознаат дали се подготвени ако им се укаже шанса.
– На натпреварот против Осасуна видовме дека Асенсио одигра извонреден меч. На младинскиот тим му се потребни шанси за докажување. Ако клубот и тренерот се доволно храбри, мислам дека ова е перфектен момент за да им се даде шанса на младите играчи од школата, – потенцира Начо.