[ВИДЕО/ФОТО] Кина денеска ги покажува своите воени авиони, претставен е и новиот невидлив „Ј-35“

Макфакс

12/11/2024

19:34

3.221

Големина на фонт

а а а

Борбените авиони и воените беспилотни летала се во центарот на најголемиот аеромитинг во Кина, кој беше отворен денеска, и можност Пекинг да ја покаже својата сè понапредна воена индустрија пред потенцијалните клиенти и ривали.

Кина издвои значителни средства за модернизација и проширување на воздушните капацитети во време на ривалство со САД и други земји и претензии кон Тајван, демократска островска држава за која кинеската влада тврди дека е нејзина територија, и испрати рекорден број борбени авиони наоколу во последните години.

Ѕвездата на Airshow China, приказ на кинескиот авијациски сектор, што се одржува на секои две години во јужниот град Жухаи, е новиот стелт борбен авион „J-35A“.


Неговото учество на саемот сугерира дека е речиси подготвен за вклучување во војската, што би ја направило Кина, заедно со САД, единствената земја со два типа авиони што избегнуваат радари и други видови откривање, според експертите.

„Ј-35А“ е полесен од постојниот модел „Ј-20“ и по дизајн е посличен со американскиот авион „Ф-35“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг