[ВИДЕО] Никола Јокиќ не можеше да изговори збор на прес – конференцијата, па за малку ќе опцуеше: „Мрш во …“

Точка

12/11/2024

10:40

4.879

Големина на фонт

а а а

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до победа од 122:120 против Далас Маверикс. По натпреварот Јокиќ на прес-конференцијата успеа да ги насмее собраните новинари.

Во текот на конференцијата, тој беше прашан за тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун, кој е на чекор од тоа да стане тренер со најмногу победи во историјата.


Еден збор го изнервира

Јокиќ зборуваше околу тоа колку е тешко да се биде тренер во НБА лигата, особено кога работите на иста позиција толку години, меѓутоа се збуни кога требаше да го каже зборот „successful“ односно успешен.

По неколку неуспешни обиди, Јокиќ се изнервира и речиси опцу. „Мрш во …“ изговори Јокиќ, но се запре на време и побара помош од портпаролот, кој одговори наместо него, додека новинарите се насмевна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг